Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Кристијано Роналдо во реклама за Nike

ВИДЕО: Кристијано Роналдо во реклама за Nike

Кристијано Роналдо реши уште еднаш да им покаже на жените зошто е еден од најсексапилните фудбалери, овојпат во реклама за Nike.

Рекламата го покажува 25-годишниот фудбалер во соблекувалната додека се подготвува пред натпревар. Потоа, во неколку сцени Роналдо облечен само во шорцеви на Nike добива помош за да ја преврзе неговата нога, а на крајот е меѓу своите обожавателки кои се обидуваат да добијат негов автограм.

Слоганот на рекламата е Escreve O Futuro, што значи „Пишувај ја иднината“.

Во моментов Роналдо е во Јужна Африка, каде што ја предводи португалската репрезентација на Светското превенство во фудбал. Во понеделник, репрезентациите на Португалија и Северна Кореја ќе си ги одмерат силите во Кејптаун.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10598 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.