Врската на Бредли Купер и Џиџи Хадид станува сè посериозна.
Новиот славен пар неколкупати деновиве беше фотографиран во Њујорк. Папараците ги уловија 49-годишниот актер и 28-годишната манекенка додека се качуваа и излегуваа од такси за да одат на појадок во Менхетен. Бредли како вистински џентлмен ѝ ја отвори вратата на Џиџи и ја чекаше да слезе од автомобилот.




Тие беа снимени и во локалот каде што појадуваа, а Џиџи нежно го галеше својот сакан.










Бредли и Џиџи се запознале преку Ирина Шајк, која му е поранешна девојка на Бредли, а блиска пријателка на Џиџи.
И двајцата имаат по едно дете од претходни врски. Бредли има 6-годишна ќерка со Ирина, додека Џиџи е мајка на 3-годишната Каи, од врската со Зејн Малик.

Купер пред неколку дена отворено призна дека можеби немаше да е жив ако не станеше татко, мислејќи на борбата со зависностите.
„Искрено не сум сигурен дали ќе бев жив доколку не бев татко. Не знам што ќе се случеше. Не сум сигурен“ – изјави тој.
