Џиџи Хадид и Бредли Купер се постојано заедно. Деновиве, славниот пар повеќепати беше фотографиран во Њујорк.
Откако сними заводлива фотосесија сред Големото јаболко, 28-годишниот модел се упати на вечерно излегување со 49-годишниот актер. Убавата манекенка носеше блуза со Мики и Мини Маус, која ја искомбинира со широки панталони од сопствениот бренд Guest in Residence и чантичка од Miu Miu која чини речиси 3 илјади долари.





Пред средбата, Џиџи снимаше реклама за Maybelline во која изгледаше шармантно.




