Наближува крајот на разводот на Бред Пит и Анџелина Џоли, кој трае од 2016 година.
60-годишниот актер се откажал од барањето на заедничко старателство над шесте деца кои ги има со 48-годишната актерка. Извор близок до парот за DailyMail открил дека преговорите на поранешните брачни партнери се при крај и дека тие наскоро ќе ја завршат долгогодишната правна битка.

Уште од нивната разделба, Пит бараше да има подеднакво старателство како и Џоли, но повеќе не настојувал на тоа.

Три од нивните деца (22-годишниот Медокс, 20-годишниот Пакс и 19-годишната Захара) се веќе полнолетни. Шајло има 17 години, а близнаците Нокс и Вивиен имаат по 15 години. Минатата година беше објавена порака од Пакс во која тој го нарече Бред „светски шупак“ и „ужасно човечко суштество“ кое им го направил животот на децата пекол. Наводно, тој не комуницира со татко си од расправијата во авионот која се смета дека довела до разводот.


Пит сега е во врска со Инес де Рамон, која неодамна се всели во неговиот дом. Тие се во врска од ноември 2022 година.

