Бред Пит во кежуал издание привлекуваше погледи на француската премиера на неговиот најнов филм.
58-годишниот актер изгледаше шармантно во лежерен сив костум и патики на свеченоста во Париз по повод прикажувањето на „Bullet Train“.



Заедно со колегите Џои Кинг, Арон Тејлор-Џонсон и Брајан Хенри, Пит се забавуваше пред објективите на фоторепортерите и уште еднаш покажа дека неговата привлечност не се намалила со текот на годините.









„Bullet Train“ ќе започне да се прикажува во кината од 5 август.
На прес настанот за истиот филм пред три дена, Бред позираше во корална комбинација.




