Најмалата ќеркичка на Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез наполни 2 години.
По повод роденденот на Бела Есмералда, славните родители споделија фотографии и видеа со неодоливото девојче.
„Честитки љубов моја, те сакаме“ – напиша Роналдо и со хаштаг дополни #AngelyBella. Бела Есмералда е едно од близначињата кои ги носеше Џорџина. Нејзиното братче за жал почина при породувањето, а Роналдо потоа откри дека го крстиле Ангел.

Џорџина објави видео со славеничката и синчето Матео, со кое дуваа свеќичка на интимната роденденска прослава со тема „Frozen“.




И мајката на Кристијано сподели фотографија со саканата внука. „Денес е специјален ден за нашата принцеза. Честитки драга моја, имај многу среќен ден со братчињата, сестричките, мама и татко. Бакнежи од баба“ – напиша Долорес.

Бела е најмалото од петте деца на Роналдо и Џорџина.


