Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс ги изненадија своите обожаватели со брак. Иако холивудските ѕвезди сè уште ја немаат потврдено веста, списанието People дозна од нивни блиски дека свадбената церемонија се одржала синоќа.

Флоренс Велч, која е добра пријателка на Блејк, исполнила три песни за време на прославата во бел шатор.
Блејк и Рајан се заедно околу една година, но во ниту една прилика не зборувале јавно за својата врска.
Тие се зближија за време на снимањето на филмот „Green Lantern“. 25-годишната ѕвезда од „Gossip Girl“ претходно беше во врска со Леонардо Дикаприо и Пен Баџли.

Ова е втор брак за Рајан. 35-годишниот актер во 2010 година се разведе од Скарлет Јохансон, по двегодишен брачен живот.