Џенифер Анистон го истакна своето фит тело во гламурозен стајлинг. На доделувањето на SAG наградите, 55-годишната актерка зачекори во сребрена креација со шлиц и длабоко деколте и инстантно ги привлече објективите на насобраните фоторепортери.
Атрактивната креација е дело на брендот Celine, а ѕвездата од серијата „Пријатели“ ја надополни со црна чантичка и елегантни сребрени сандали.
Анистон беше номинирана во категоријата Најдобра изведба од актерка во серија драма за серијата „The Morning Show“.





Џенифер и Бредли Купер ѝ ја доделија SAG наградата за животно дело на Барбра Страјсенд.





