Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Беше болно патување“: Актерката од „Spy Kids“ сподели дека го загуби четвртото бебе кое се роди мртво

„Беше болно патување“: Актерката од „Spy Kids“ сподели дека го загуби четвртото бебе кое се роди мртво

Алекса Пенавега доживеа трагична загуба. 35-годишната актерка сподели дека го изгуби своето четврто бебенце кое се родило мртво.

Филмската ѕвезда, која несомнено ја паметите по улогата во „Spy Kids“, ја откри тажната вест во емотивен пост на Instagram.

Алекса Пенавега

„Не постојат правилни зборови кои можеме да ги кажеме кога станува збор за загуба. По прекрасно и мирно породување, нашата ќерка ‘Инди’ се роди мртва. Беше болно патување. Но, во болката пронајдовме мир. Бог продолжува да ни дава утеха и да нè држи во рацете. Ова мало девојче веќе ни ги промени нашите животи на многу начини. Таа беше апсолутно прекрасна. Личеше на тато. Темна коса и сè друго. Тагата ни доаѓа во бранови. Моменти во кои се чувствуваме скршени, а потоа моменти во кои сме благодарни што поминавме барем момент со неа.“

„Не можеме да разбереме зошто се случуваат вакви нешта и можеби никогаш нема да добиеме одговори.“

„Инди Рекс Пенавега, ти комплетно ни го промени светот. Нè одведе на ново место. Те сакаме“ – стои во објавата.

Алекса Пенавега

Алекса и нејзиниот сопруг Карлос се родители на две момчиња и едно девојче. Тие стапија во брак во 2014 година.

Алекса Пенавега Алекса Пенавега Алекса Пенавега

Алекса снимаше видеа за бременоста кои ги споделуваше со своите следбеници на Instagram. Во едно од последните видеа, таа се наоѓа во болница и открива дека била хоспитализирана поради крварење.

Алекса ја глумеше Кармен Кортес во популарната филмска франшиза „Spy Kids“.

Алекса Пенавега Алекса Пенавега Алекса Пенавега

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11261 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.