Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Без филтри и филери“: Дру Баримор и Камерон Дијаз добија лавина комплименти за изгледот

„Без филтри и филери“: Дру Баримор и Камерон Дијаз добија лавина комплименти за изгледот

Пофални зборови пристигнуваат на адреса на Дру Баримор и Камерон Дијаз.

Откако 46-годишната Дру сподели фотографија без филтри на Instagram, кон двете актерки се слеа лавина комплименти за нивното прифаќање на природниот изглед и за грациозното стареење.

49-годишната Камерон беше гостинка во емисијата на својата колешка од „Charlie’s Angels“, па двете актерки заедно позираа за фотографии кои јасно ги покажуваат нивните брчки без тие да бидат прикривани со Фотошоп.

Дру Баримор и Камерон Дијаз

„Ми се допаѓа ова, убавина без филтри и филери. Ова повеќе им треба на социјалните мрежи“, „Прекрасни. Ми се допаѓа што грациозно ја прифаќате вашата возраст“, „Може само да ви се заблагодарам што не ја едитиравте оваа фотографија“, „Освежувачки е да гледам како двете стареете грациозно“, „Обожавам да гледам како моите омилени холивудски актерки стареат со грациозност и убавина“, „Ми се допаѓа што и двете сте природни, без Ботокс и филери“ – ова се само дел од бројните позитивни коментари на Instagram.

Дру Баримор и Камерон Дијаз

Во 2014 година, Камерон призна дека имала еднаш пробано Ботокс, но никогаш повеќе не би ја повторила таа процедура. „Имам пробано Ботокс... ми го промени лицето на чуден начин и си реков дека не сакам да изгледам така. Побрзо би гледала како моето лице старее отколку да имам лице кое не ми припаѓа воопшто“ – рекла таа, додавајќи дека воопшто не ѝ пречат брчките на лицето.

„Ги обожавам, не ми пречат. Претпоставувам дека тие значат дека сум се смеела цел живот. Го обожавам животот. Среќна сум и немам проблем со тоа“.

Во февруари и Баримор дала изјава дека нема пробано инвазивни методи за подмладување.

Дру Баримор и Камерон Дијаз

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9467 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.