Ед Вествик и Ејми Џексон организираа вечера со најблиските во Лондон за да прослават за нивната свршувачка.
Актерот, познат по улогата на заводникот Чак Бас од „Gossip Girl“, и ѕвездата од боливудските филмови во бели стајлинзи се забавуваа на прославата во Лондон.
Среќниот пар позираше заедно пред фоторепортерите.







Ед и Ејми се верија во јануари за време за нивното патување во Швајцарија. Тие се заедно од 2021 година.


