Пред 36 години, Арнолд Шварценегер и Дени ДеВито влегоа во улогите на браќа-близнаци и го насмеаја светот со филмскиот хит „Twins“.
Сега, легендарните актери заедно се појавија на сцената на Оскарите во улога на негативци од „Batman“ за да доделат награда.



79-годишниот ДеВито ја имаше улогата на Пингвинот во „Batman Returns“ во кој Мајкл Китон беше херојот, додека 76-годишниот Шварценегер глумеше во „Batman & Robin“ од 1997 година, кога Џорџ Клуни беше Бетмен.


„Со Арнолд сме тука заедно поради многу очигледна причина. И двајцата се обидовме да го убиеме Бетмен“ – рекоа актерите.
Комедијата „Twins“ (Близнаци) започна да се прикажува во 1988 година и доживеа огромен успех.


