Анџелина Џоли зрачеше со елеганција и софистицираност на премиерата на новиот Бродвеј мјузикл, за кој влезе во улога на продуцентка.
На премиерата на „The Outsiders“, 48-годишната актерка шармираше со свилен златен фустан и долга наметка. Таа беше придружувана од ќерката Вивиен, која ѝ беше асистентка за работењето на мјузиклот.



За настанот, Вивиен носеше тегет комбинезон и патики. Истиот комбинезон го носеше и Џастин Левин, кој работеше на книгата, текстот и песните од мјузиклот.
Според информации од странските медиуми, креациите биле дизајнирани од самата Џоли.










Awww, Vivi is such a cutie and a bit shy I thiPY GIRLS #AngelinaJolie #Outsiders pic.twitter.com/xfI3V2NiCq
— TIME TRAVELER (@TimeTraveler806) April 11, 2024
Вивиен е едно од шесте деца на Џоли и Бред Пит. Подоцна на настанот се појави и нејзиниот 20-годишен брат Пакс.








Изминатиот викенд, дуото мајка-ќерка беше фотографирано на шопинг.


