Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Актерката Џилијан Андерсон зборуваше за враќањето на работа 10 дена по породувањето со царски рез

Актерката Џилијан Андерсон зборуваше за враќањето на работа 10 дена по породувањето со царски рез

Џилијан Андерсон се отвори за тежок момент од нејзиниот живот кога требало да се врати на работа 10 дена по породувањето со царски рез.

Џилијан Андерсон

Талентираната актерка имала само 24 години кога била избрана на кастинг да ја глуми ФБИ агентката Дејна Скали во хит-серијата „Досиеја Икс“. Но, таа забремени со првото дете уште за време на снимањето на првата сезона која стана огромен хит. Во моментот кога се породи, серијата беше на врвот на популарноста, па Џилијан морала брзо да се врати на работа.

„Мислам дека ако не се чувствував толку виновно што забременив во првата сезона, можеби подобро ќе се грижев за мене и повеќе ќе мислев на моите потреби. Но, мислам дека постојано размислував на тоа дека за малку ќе ме отпуштеа, дека утнав и дека ќе направам што и да ми речат. Па да, се вратив 10 дена по царскиот рез“ – рекла таа.

Џилијан Андерсон

Во минато интервју, 55-годишната актерка имаше изјавено дека немала избор и дека морала да се врати на работа.

„Немаше да го изберам тоа ако имав избор. Забременив во првата сезона од серија која стана масивен хит. Со второто дете не работев повеќе од една година“.

„Кутрата Пајпер живееше во мојата приколка во првите девет години од нејзиниот живот. Додека бев бремена со Пајпер, работев до крајот на бременоста, па беше прекрасно да не морам да работам до крајот на мојата последна бременост и шест месеци по добивањето на Оскар.“

„Имав многу помош и покрај тоа, ми беше тешко. Жените кои ги гледаат децата сами се супержени. Жените се неверојатни“ – рекла таа.

Џилијан Андерсон

Џилијан е мајка на три деца.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12010 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.