Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Актерката Глен Клоус сака да ја посети Македонија бидејќи е одушевена од филмот „Пред дождот“ на Манчевски

Актерката Глен Клоус сака да ја посети Македонија бидејќи е одушевена од филмот „Пред дождот“ на Манчевски

Глен Клоус откри дека посакува да ја посети Македонија. Холивудската актерка призна дека била одушевена од филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски и дека еден ден би сакала да може да зачекори на нашата почва.

„Има филм се вика 'Пред дождот'. Снимен е во Македонија. Очигледно е многу стар и многу се има случено на таа почва. Никогаш не излезе од моите мисли“ – вели Клоус во кратко видео снимено пред Оскарите. Во него, повеќе актери беа запрашани кој филм ги инспирирал да посакаат да патуваат во друга земја.

Видео:

Феноменалниот филм на Манчевски во 1994 година беше номиниран за Оскар, а ја има освоено престижната награда Златен лав за најдобар филм на Филмскиот фестивал во Венеција.

Пред дождот Пред дождот

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25656 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.