Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „The Crown“, „The Queen’s Gambit“... Еве кои се победниците на Еми 2021

„The Crown“, „The Queen’s Gambit“... Еве кои се победниците на Еми 2021

Синоќа беа доделени наградите Еми за најуспешните во телевизиската индустрија.

Драмата „The Crown“ беше големиот победник на вечерта и на екипата која работеше на неа ѝ донесе вкупно 11 статуетки. Серијата за животот на кралицата Елизабета победи во категоријата Најдобра драмска серија.

За одличното портретирање на кралицата, Оливија Колман ја присвои наградата за Најдобра актерка во драмска серија, а нејзиниот колега Џош О’Конор за Најдобар актер во драмска серија.

Еми 2021 Еми 2021

За Најдобра лимитирана серија беше прогласена „The Queen’s Gambit“.

Еми 2021

Во категоријата Најдобра актерка во лимитирана серија победи Кејт Винслет, додека во машка категорија, наградата му припадна на Еван МекГрегор.

Еми 2021 Еми 2021

„Ted Lasso“ доминираше во категориите посветени на комедијата. ТВ серијата беше прогласена за Најдобра хумористична серија.

За улогата во истата, Џејсон Судејкис ја освои наградата за Најдобар актер во хумористична серија, Брет Голдстин за Најдобар актер во споредна улога во хумористична серија, додека Хана Ведингем за Најдобра актерка во споредна улога во хумористична серија.

Еми 2021

За Најдобра актерка во хумористична серија беше прогласена Џин Смарт за улогата во „Hacks“.

Еми 2021

Целосната листа на победници можете да ја видите тука.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11063 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.