Академијата за филмски уметности и науки ги избра овогодишните добитници на наградите Оскар.
Синоќа, во Долби театарот во Холивуд се собраа најголемите имиња во филмската индустрија за да дознаат во чии раце одат престижните награди.
Очекувано, „Oppenheimer“ беше најголем победник на вечерта и доби седум златни статуетки. Филмот имаше 13 номинации, а веднаш зад него беа „Poor Things“ со 11 и „Killers of the Flower Moon“ со 10 номинации.
„Oppenheimer“ беше прогласен за Најдобар филм, а за истиот Кристофер Нолан победи во категоријата Најдобар режисер, Килијан Марфи ја доби наградата за Најдобар актер во главна улога, а Роберт Дауни Џуниор ја освои статуетката за Најдобар актер во споредна улога.



Ема Стоун заслужено го присвои Оскарот за Најдобра актерка во главна улога за „Poor Things“, а пак Давајн Џој Рендолф ја освои својата прва статуетка за „The Holdovers“ и стана Најдобра актерка во споредна улога.


„The Boy and the Heron“ е Најдобар анимиран филм за 2023 година, а за Најдобар документарец беше прогласен „20 Days in Mariupol“. „The Zone od Interest“ ја доби наградата Најдобар интернационален филм.
Песната „What Was I Made For?“ од „Barbie“ е Најоригинална песна според Академијата за филмски уметности и науки.

Целосната листа на победници можете да ја видите тука.