Шер доби големо признание на доделувањето на овогодишните iHeartRadio Music Awards.
На сцената во Долби театарот во Лос Анџелес, 77-годишната пејачка се закити со наградата „Икона“, која ѝ беше врачена од нејзината пријателка Мерил Стрип.
Шер и Мерил позираа заедно и нивните фанови ги потсетија на момент од премиерата на нивниот заеднички филм „Silkwood“ од пред 40 години.


На манифестацијата, легендарната пејачка беше придружувана од 38-годишниот Александар Едвардс, со кого е во врска неколку години. Додека позираа на жолтиот тепих, тој ѝ подари бакнеж.









Шер носеше модна комбинација од Dolce & Gabbana и Chrome Hearts.


