Шерон Стоун зрачи со сензуалност и во седмата деценија од животот.
66-годишната актерка мамеше воздишки додека чекореше на црвениот тепих на оскаровската забава на Vanity Fair.
На настанот во Беверли Хилс, ѕвездата од „Basic Instinct“ изгледаше фантастично во гламурозна креација од модната куќа Del Core.
За изгледот на Шерон задолжен бил стилистот Парис Либи, кој во нејзиниот стајлинг додаде накит од Gismondi 1754, чантичка од Carolina Herrera и обувки од Mach & Mach.








