Мерил Стрип, Ен Хетавеј и Емили Блант повторно се обединија, 18 години по снимањето на филмскиот хит „The Devil Wears Prada“.
Трите холивудски ѕвезди заедно се појавија на сцената на SAG Awards за да ја доделат наградата Најдобар актер во серија комедија.
Се разбира, Мерил носеше фустан од Прада, Хетавеј шармираше во сина креација од Версаче, а Блант избра црвена тоалета од Луј Витон.





Прва на сцената се појави 74-годишната Мерил, која одглуми дека ги заборави очилата и пликот со победникот. Потоа се појавија Емили и Ен, репризирајќи ги своите улоги на асистентки на главната уредничка Миранда Пристли во легендарниот филм.
„Мерил и Миранда Пристли се како близначки“ – се пошегува Емили, но Мерил не се согласи со тоа.
„Не, не. Тоа не беше прашање“ – се надоврза Ен, алудирајќи на ликот на Миранда.
Видео







Филмот „Devil Wears Prada“ започна да се прикажува во 2006 година, а во 2007 година на Мерил Стрип ѝ донесе номинација за Најдобра актерка на SAG Awards.



