Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: 500 златни балони пуштени во Скопје за поддршка на „златните деца“ болни од рак

ФОТО: 500 златни балони пуштени во Скопје за поддршка на „златните деца“ болни од рак

Септември е месец посветен на малите пациенти кои ја водат најтешката битка за животот, а за свој непријател го имаат ракот. Ова е месец кога треба да се зборува за малигните заболувања кај децата и адолесцентите, да се подигне свеста кај јавноста и да се ослободат децата од предрасудите.

„Златен септември“ е месец на „златните деца“, на големите борци и вистински херои. Со цел да им се изрази поддршка на децата болни од рак, на плоштадот „Македонија“ во Скопје беа пуштени 500 златни балони под мотото „Убаво е да си херој“.

Златен септември Златен септември Златен септември

„‘Златен септември’ е месец кога треба да се зборува за малигните заболувања кај децата, да се подигне свеста за сите аспекти на оваа борба и за време на престојот во болницата и по враќањето во домашната средина по лекувањето“ – пишуваат од Детската клиника.

Златен септември Златен септември Златен септември Златен септември

„Нема поголемо задоволство кога дете насмеано и здраво заминува од болница. Нема посреќно чувство во тие моменти за неговите родители, другарчиња, најблиски. Децата ни се сѐ во животот и даваме максимум за нивна насмевка. Многу сум горд на тимот од Клиниката за детски болести, затоа што успешноста на лекување на детските малигноми е над 80%. Имаме врвен стручен тим од лекари со кои треба сите да се гордееме. Денеска пуштивме 500 златни балони во знак на поддршка и подигнување на свеста за малигните болести кај децата и адолесцентите. Златната боја е боја на силата, храброста и упорноста, и е симболична боја за нашите мали, големи херои“ – рече министерот за здравство Венко Филипче.

Златен септември Златен септември

Златната лента е симбол за поддршка на децата болни од рак и нивните родители. Гордо поставете си златна лента на облеката месецов и дајте им ја вашата поддршка на оние кои најмногу имаат потреба од неа.

Златен септември

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.