Почетна » Новости » Занимливости » Среќа! Маж со Даунов синдром се радува што конечно може да си купи костум по мерка

Среќа! Маж со Даунов синдром се радува што конечно може да си купи костум по мерка

Во свет каде облеката се создава по стандардни мерки, лицата со посебни потреби честопати не можат да си купат алишта кои ќе прилегаат на нивното тело.

Токму поради тоа реакцијата на Џон е бесценета и стана хит на интернет. Среќниот маж со Даунов синдром конечно доби можност да си купи костум по мерка, за кој штедел пари цела година. Фотографиите од моментот кога го облече костумот скроен за него ќе ве расположат.

Џон

Запознајте го Џон. Џон работи на половина работно време во „Kroger“. Негов сон беше да си купи костум скроен по мерка од кај нас уште откако татко му си купи еден пред неколку години. Бидејќи е висок 121 сантиметар и има обем на градите од 106 сантиметри, буквално нема од каде да си купи костум кој ќе му биде точен. Џон штедеше во изминатата година за конечно да може да носи нешто во што ќе се чувствува удобно. Минатата недела, Џон дојде да си го земе костумот и неговата реакција никогаш нема да ја заборавам. Поради ова ја работам мојата работа.

Џон Џон

„Џон изгледаш одлично и имаш насмевка од милион долари“.

„Таа насмевка на неговото лице вреди да се види“.

„Толку едноставно нешто измами огромна насмевка“.

„Изгледаш многу згодно Џон“.

„Еден прекрасен човек соши костум и спортска јакна за мојот син кој исто така има Даунов синдром. Тој беше одушевен“ – се само дел од коментарите.

Џон

Фотографиите беа објавени на страницата „Richards Bespoke“, продавница која крои машка облека по мерка.

Џон Џон Џон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.