Почетна » Новости » Занимливости » Пар ја прослави 60-годишнината од бракот со фотосесија, на која ја носеше истата облека од свадбата

Пар ја прослави 60-годишнината од бракот со фотосесија, на која ја носеше истата облека од свадбата

Некои љубови траат цел животен век.

Пар ја прослави 60-годишнината од бракот со романтична фотосесија во поле во Небраска. Лусил и Марвин стапија во брак во 1960 година, а нивната љубов го издржа тестот на времето и сè уште трае и трае.

За фотосесијата, Лусил ја носеше венчаницата која самата рачно си ја сошила пред 60 години за нејзината свадба, додека Марвин го носеше истото одело во кое бил облечен за нивниот специјален ден. Кога стапиле во брак, тој имал 29, а таа 22 години.

Лусил и Марвин Лусил и Марвин

„Ми беше апсолутна чест што можев да ја овековечам љубовта помеѓу оваа специјална двојка. Додека ја снимавме нивната фотосесија, лесно можеше да се забележи колку многу се грижат еден за друг. Стоев зад фотоапаратот со солзи во очите додека снимав. Тие се неверојатен пример за вистинска љубов која го издржала тестот на времето. Нивната фотосесија никогаш нема да ја заборавам“ – вели фотографката Кети Оутри.

Лусил и Марвин Лусил и Марвин Лусил и Марвин

Додека Кети ја снимала фотосесијата, парот ѝ предал скапоцени лекции за бракот, кои таа ги објави во пост на Facebook:

  1. Работете напорно на врската.
  2. Бидете љубезни еден кон друг.
  3. Мислете пред да зборувате.
  4. Сметајте на вашите силни страни за да се справите со слабостите.
  5. Имајте силна верба.
Лусил и Марвин Лусил и Марвин Лусил и Марвин Лусил и Марвин Лусил и Марвин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11086 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.