Почетна » Новости » Занимливости » Искуството на Катерина, Маринела и Маја од тестирањето на Philips Генераторите на пареа во три збора: Совршенство од „прва“

Искуството на Катерина, Маринела и Маја од тестирањето на Philips Генераторите на пареа во три збора: Совршенство од „прва“

На социјалните медиуми периодов, забележавме три ултра позитивни и полни со енергија девојки кои со воодушевување зборуваат за своето искуство од тестирањето на Philips Генераторите на пареа.

И, наместо премногу објаснувања околу техничките можности и перформанси на самите уреди, веруваме дека ништо подобро нема да ја долови супериорноста на уредот, отколку искрените импресии и задоволство на самите корисници на уредите.

Philips

Катерина (@mymacedonianhome) е млада мајка која е непосредна, природна и едноставна девојка која обрнува особено внимание на деталите кои го прават животот убав. Енергијата со која таа „се носи“ со секојдневните обврски ја црпи од топлината на нејзиниот дом, нејзиното катче, кое зрачи со позитивност. Катерина започна да го тестира уредот пред речиси еден месец (во фаза кога пеглањето и била многу омразена обврска), за денес, нејзиното мислење целосно да се смени. Еве ги нејзините впечатоци:

„Тие што добро ме познаваат знаат дека многу мразам да пеглам! Тоа за мене отсекогаш било губење време и постојано избирав да го испеглам само она што морам, а кога купувам облека настојував да бирам парчиња што не бараат пеглање. Истото важеше и за постелнината во спалната – ми одземаше многу време да ја испеглам и пак не беше совршена на крај. Искрено, да не морам, не би ја пеглала, но често ја сликам спалната па сакам да изгледа тип топ. И логично, Philips генераторот на пареа го пробав прво баш на изгужваните навлаки и се изненадив колку брзо и со каква леснотија ги испегла до совршенство. Потоа си реков да се обидам со кошулата што мислев дека е пеглана и испадна дека можела попеглана да биде.

Philips

Потоа направив и еден мини тест за да проверам колку побрзо ми оди пеглањето со Philips Генераторот на пареа во споредба со старата пегла, па направив два купа со идентичен број на алишта за пеглање, со ист или сличен материјал. И погодете што - ми требаа 15 минути да го испеглам купот со Philips генераторот на пареа, наспроти 25 минути со старата пегла. Цели 10 минути!

Моето откровение од ова искуство со Philips Генераторот на пареа е дека во суштина јас не мразам да пеглам, туку имам лоша пегла!“

Philips

Маринела, (@stylish_by_marinela) е динамична, млада девојка, која како и повеќето од нас, живее брз и динамичен живот кој ѝ остава сè помалку време за исполнување на домашните обврски, а особено кога станува збор за пеглањето.

Таа за својот Philips Генератор на пареа кој го доби на тестирање, вели:

„Да бидам искрена, бев малку скептична, но, првото пеглање ги тргна сите мои двоумења на страна. Нема потреба да ја подесувам температурата за различни видови ткаенини, а на сите нив наборите исчезнуваат со само едно движење! За кратко време генераторот на пареа на Philips стана мој омилен уред!

Philips

Она што најмногу ми се допаѓа кај него е што благодарение на OptimalTEMP технологијата не можам да ги изгорам моите омилени парчиња облека, бидејќи совршениот баланс на топлината на плочата, во комбинација со моќната пареа, буквално мислат наместо мене. Дури и ако го оставам генераторот врз парче облека на неколку минути тој нема да изгори. Совршено нели?

Овој генератор на пареа како да е измислен за мене!“

Philips

Маја – (@mayazak) e од оние позитивни ликови чијашто позитивна енергија буквално ја обзема просторија (и Инстаграм сферата) кога и да се појави. Ужива во убавината и среќата што ја носат малите работи, а ја релаксира времето поминато во добра музика и добро друштво.

Позитивната Маја е воодушевена од својот Philips Генератор на пареа, а кон тоа се приклучува и нејзиниот сопруг. За нејзиното прво искуство, но и за досегашното искуство со најмоќната пегла во светот, Маја вели:

„Го испив утринското кафе и неволно станав да ги соберам постелнината и облеката што ја исправ претходниот ден. Почнав да пеглам и се најдов себеси како си потпевнувам и играм на музиката што ја имав пуштено. Не ни забележав за колку кратко време и без никаква тешкотија го пеглам веќе последното парче облека. Philips генераторот на пареа не само што ги отстранува наборите побрзо од било која пегла и тоа само со едно движење на раката, со OptimalTemp ќе немате повеќе потреба да ја приспособувате температурата независно од материјалот.

Philips

Сопругот кога ме виде колку облека и постелнина имав испеглано и за толку кратко време, веднаш донесе една од неговите омилени кошули која ретко ја носи зошто многу тешко се пегла за самиот да се увери. Си ја испегла кошулата за 1 минута и 20 секунди, се сврте накај мене и ми рече: Лелееее не ми се верува се спасивме!

Нашите впечатоци на Philips генераторот на пареа се ВЧУДОНЕВИДУВАЧКИ!!!

Следете ги девојките на @mymacedonianhome, @mayazak и @stylish_by_marinela и дознајте зошто Philips Генераторите на пареа се бренд број 1 во светот!

Повеќе информации за Philips Генераторите на пареа се достапни овде>>>

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11036 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.