Почетна » Новости » Занимливости » Жена создава вреќи за спиење за бездомни лица од празни пакетчиња од храна

Жена создава вреќи за спиење за бездомни лица од празни пакетчиња од храна

Волонтерка со големо срце создава водоотпорни вреќи за спиење за бездомни лица, користејќи ги празните пакетчиња од храна.

45-годишната Пен Хјустон со помош на жешка пегла спојува 150 кеси за да создаде една вреќа за спиење. Идејата се родила откако била принудена да одбие да им помогне на бездомни лица кои барале нешто за да се стоплат.

Таа ја создала добротворната организација „Surviving the Streets UK“, која собира донирани пакетчиња од луѓе од цела Велика Британија и ги претвора во вреќи со прекрасна намена. Пресреќна е што добива позитивен фидбек и комплименти од луѓе од целиот свет.

Пен Хјустон Пен Хјустон Пен Хјустон

„Навистина е ужасно и шокантно што морам да го правам ова. Живееме во една од најбогатите земји на светот, а јас морам да правам вреќи за спиење од празни пакетчиња“ – вели Хјустон.

„Секојдневно им помагаме на стотици луѓе, а не добиваме никакви средства, па затоа имавме дефицит од вреќи за спиење за донирање. Сакав да создадам нешто што може што подолго време да ги одржува суви луѓето кои живеат на улица. Една вечер лежев будна и си помислив колку би било убаво да можеш да се вовлечеш во џиновско пакетче за да не се изводениш и за да се стоплиш“.

Пен Хјустон Пен Хјустон Пен Хјустон Пен Хјустон

„Се работеше за тоа да направиш нешто од ништо. Не мора сè да чини пари. Сите бездомни луѓе со кои работиме се навистина среќни со нив, многу ни се благодарни. Ги користат на различни начини. Навечер спијат во нив, а денски си ги складираат работите“ – објаснува таа.

Пен Хјустон Пен Хјустон Пен Хјустон Пен Хјустон

Пен прво ги отвора кесите, ги мие, а потоа ги соединува со помош на рециклирана најлонска кеса и жешка пегла. За да направи една вреќа, потребни ѝ се 4 часа.

Пен Хјустон Пен Хјустон Пен Хјустон Пен Хјустон Пен Хјустон

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10402 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.