Никола Мишковски има со што да се гордее.
Македонскиот готвач, познат како шеф Никола од „Брза кујна“, си го трансформираше изгледот за 100 дена и резултатите ги објави на Instagram.
Тој успеал да симне 30 килограми и од 116 кг, својата тежина ја донесе на 86 кг.


100 дена.
Од 116 кг на 86.2 кг.
30 килограми помалку – 30 причини повеќе да се гордеам со себе.
Ова не е само слабеење, ова е будење.
Почнав заради здравје, останав заради љубов кон животот.
Секоја утринска трка, секое „не“ на искушението, секоја капка пот – ме донесе до оваа верзија од себе.
Никој не веруваше. Ни јас, на почетокот.
Ама денес? Денес се гледа. Денес се чувствува.
Ако имаш цел, најди и причина.
Јас најдов моја. Сега е твој ред.“
Иако сите мислеа дека имам здраствени проблеми, на сите да ви кажам дека се чуствувам и сум здрав како никогаш до сега.
Никола споделуваше видеа од своите тренинзи и фитнес напредоци. Во опис на видео тој напиша:


