Серена Вилијамс и Алексис Оханијан пред една недела станаа родители на девојче.
35-годишната тенисерка сподели слатка фотографија со новородената ќеркичка и видео снимено по нивното заминување од болница.
„Запознајте ја Алексис Олимпија Оханијан Џуниор“ – напиша Вилијамс во описот на фотографијата.
Во видеозаписот, успешната спортистка вели: „Ја напуштаме болницата по 6-7 дена. Помина долго време, имавме многу компликации, но видете што добивме – добивме ќеркичка.“
Девојчето се родило на 1 септември и било тешко 3,1 килограми.
ВИДЕО
Целосното видео ја прикажува бременоста на Серена и доаѓањето на свет на малата Алексис Олимпија.
Ова ќе биде прво дете на Вилијамс и 33-годишниот коосновач на Reddit, кои се верија на крајот од минатата година. Тие ја потврдија својата врска пред јавноста во октомври 2015 година.