Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Александра Пријовиќ се породи: Бебенцето доби име со моќно значење

Александра Пријовиќ се породи: Бебенцето доби име со моќно значење

Александра Пријовиќ денеска на свет донесе девојче. Српската пејачка се породи пред само неколку часа во една од најлуксузните клиники во Србија, а покрај неа беше нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ.

Александра Пријовиќ

Иако претходно се споменуваше дека девојчето ќе биде крстена како мајка си, сепак двојката одлучи наследничката да ја крсти Ариа.

Станува збор за име со кое се поврзуваат многу моќни значења. Вообичаено е во персиските земји и Индија, каде неговото значење е „благородно“, „чесно“ или „чисто“.

Во Европа, името Ариа се среќава како женско италијанско име, додека на италијански јазик значи „воздух“. Тука се поврзува и со музичкиот збор „арија“, кој претставува пејачки дел во опера.

На хебрејски јазик пак, името го има значењето „лавица“.

Ова е второ дете на Пријовиќ со Филип Живојиновиќ кој е син на сопругот на Лепа Брена, Боба Живојиновиќ.

Двојката стапи во брак во 2018 година и го има 6-годишното синче Александар.

Александра Пријовиќ Александра Пријовиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 28831 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.