Почетна » Новости » Занимливости » Со јогурт до совршена фигура за летниот период

Со јогурт до совршена фигура за летниот период

Со доаѓањето на сонцето сè повеќе се посветуваме на враќањето на добрата форма на телото. Помислата на лето, плажа и костими за капење нè буди од долгиот зимски сон и веднаш се одлучуваме да го доведеме во ред нашето тело со ригорозни диети, не сфаќајќи дека на тој начин само му штетиме на нашиот организам.

За витка фигура, докторите не препорачуваат ригорозни диети, туку едноставно здрава исхрана, која вклучува секојдневно консумирање на појадок, ручек и вечера. Со изгладнување, организмот е изложен на голем стрес и имунолошкиот систем слабее. Тоа што е најважно е да се внесуваат сите хранливи состојки, само да се внимава на количината која се консумира. Покрај ова, препорачливо е секојдневните оброци да вклучуваат здрави производи кои помагаат при топењето на мастите, го забрзуваат метаблизмот и го јакнат имунолошкиот систем.

Пробиотичките јогурти се едни од производите кои ги отстрануваат вишокот масти од организмот, што придонесува и кон намалување на телесната тежина. Добиени со додавање бактериски култури земени од млекото, овие видови на јогурт ја поттикнуваат трансформација на шеќерот од млекото во млечна киселина. Квалификуван како храна која е составена од калциум, Б витамини, калиум, фосфор и слично, јогуртот исто така е збогатен и со живи и активни култури на бактерии кои го јакнат организмот и ја регулираат работата на желудникот особено при дисбаланс во процесот на варење на храната.

Јогурт Баланс+Баланс+ пробиотски јогурт од БиМилк

„Баланс+“, пробиотскиот ферментиран млечен производ од БиМилк, позитивно влијае на дигестивниот тракт, го отстранува вишокот масти од организмот, го стимулира варењето и го забрзува метаболизмот, помага при намалување на холестеролот и разните видови на инфекции и во целост го јакне имунитетот на организмот.

Внимавајте на фигурата и зајакнете го вашето здравје во исто време.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11475 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.