Зендаја блесна во проѕирна креација со кристали на Еми, каде нејзиниот стилист откри: „Свадбата со Том Холанд допрва ќе се одржи“
Зендаја беше една од највпечатливите дами на црвениот тепих на Еми наградите.
30-годишната актерка блескаше во спектакуларна креација на Prada, специјално изработена за неа. Проѕирната тоалета беше прекриена со блескави кристали и мониста, а Зендаја ја надополни со раскошен накит од Mikimoto.
Холивудската ѕвезда беше придружувана од својот партнер Том Холанд.
Покрај нејзината гламурозна појава внимание привлече и новиот пресврт во приказната за нејзината наводна тајна свадба со Холанд.
Стилистот Лоу Роуч, кој пред неколку месеци сподели дека свадбата на младите актери веќе се случила, сега тврди дека „лажел“ и дека официјалната свадбена церемонија допрва треба да се случи.
„Тие сè уште немале официјална церемонија. Тоа ќе се случи по прес-турнејата за ‘Dune’“ – изјавил Роуч, дополнувајќи дека Зендаја „веќе долго време е негова сопруга“, но дека тоа сè уште не е официјализирано.
Law Roach reveals that Zendaya and Tom Holland are going to have an official wedding ceremony after the ‘DUNE: PART THREE’ press tour. https://t.co/6iLpT05EDX
— Film Updates (@FilmUpdates) September 14, 2026
Претходно, токму Роуч ја подгреа мистеријата со тврдењето дека свадбата веќе се случила, додека Том во неколку наврати ја нарекуваше Зендаја „моја сопруга“. Всушност, во јуни, самиот актер практично потврди дека свадбата се случила.
Во интервју за Esquire, зборувајќи за лажните фотографии генерирани со вештачка интелигенција кои наводно го прикажувале нивниот свадбен ден, Том откри дека неговите блиски не биле измамени од фотографиите бидејќи „сите биле таму“ на вистинската свадба.
Тој тогаш не откри кога и каде се случила свадбата, туку само додаде: „Тоа е сè што ќе добиете за тоа“.

Зендаја и Том потврдија дека се во врска во ноември 2021 година, а се верија во декември 2024 година.
