• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Зендаја во невестинско бело и со златна бурма на ревија во Париз по тајната свадба со Том Холанд

11 март 2026, 13:56
  • cподели

Зендаја уште повеќе ги разгори гласините дека тајно се омажи со Том Холанд.

29-годишната актерка се појави со бурма на левата рака на ревијата на Луј Витон во Париз и веднаш го привлече вниманието на фоторепортерите кои не пропуштија да го овековечат прстенот.

Ѕвездата од „Euphoria“ изгледаше како невеста во бела модна комбинација со здолниште со асиметричен крој и кошула со нагласена јака. Тенката половина таа ја истакна со голем црн ремен.

Зендаја не го носеше својот дијамантски свршенички прстен, што дополнително „навести“ дека врската со Холанд веќе е крунисана со брак.

Шпекулациите дека Зендаја е во брак започнаа да се шират уште во февруари, кога беше фотографирана со бурма, а беа „подгреани“ од изјавата на нејзиниот стилист дека свадбата „веќе се случила“ и дека јавноста „ја пропуштила“.

Ниту Зендаја ниту Холанд досега јавно не потврдиле дека се венчале. 

Парот за првпат беше поврзан романтично во 2017 година, а ја потврди својата врска во 2021.

Tags
Зендаја
Том Холанд

Најнови

  • Ана Стојаноска ќе нè претставува на детската Евровизија во Малта

    Wed, 06/17/2026 - 08:51
  • Страсти и нежности: Тазе венчаните Дуа Липа и Калум Тарнер на романтичен меден месец во Италија

    Tue, 06/16/2026 - 22:10
  • „Мислев дека оди по медал, не знаев дека јас ќе бидам неговата победа“: Викторија за предлогот за брак од саканиот Дејан покрај Бледското езеро

    Tue, 06/16/2026 - 21:00
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.