Многу кучиња умеат да глумат дека умираат кога нивните сопственици „пукаат“ во нив, но ова куче од расата сибирски хаски ја носи глумата на едно ново ниво. Погледнете ја неговата драматична „смрт“.
Милиони лица се „заразени“ од вирусот наречен Facebook. Талентираните AVbyte преку мјузикл ја опишуваат модерната Facebook зависност. Погледнете го видеото.
Дете кое од мали нозе знае што е добра музика, направи дует со својот татко. 2-годишниот музичар со голема страст го „свири“ и пее големиот хит на Битлси „Don’t Let Me Down“. Погледнете го видеото.
Шест вистински пријатели ја пресоздадоа најавната шпица на „Friends“ за да го одбележат нивното дипломирање и последните денови заедно во кампусот на Универзитетот Елон. Погледнете го видеото.
Повеќето жени не знаат или не сакаат да прифатат комплимент со благодарност. Погледнете скеч кој се фокусира на тоа колку жените се лоши во прифаќањето комплименти.
Горди родители две години се обидувале да го прошират семејството. Па, кога им се исполнила желбата и дознале дека очекуваат близначиња, им соопштиле на двете ќеркички. Погледнете ги реакциите.
Најголем дел од мачките бегаат од правосмукалките исто како што бегаат од вода, но руска мачка ја користи правосмукалката за разонода. Погледнете го видеото.
Видео во кое шегаџија на хумористичен начин ги покажува различните начини на хранење во животинското царство е најновиот интернет хит. Погледнете го тука!
Погледнете го таткото кој знае како да ги забавува своите ќерки за време на бејзбол натпревар. Откачените танцувачки движења ги подигнаа на нозе малите девојчиња, кои се обидоа да го следат разиграниот татко.
Слатко маченце кое сонува дека е танчар изнудува насмевки. Легнато удобно до својата мајка, малото маче покажува дека може да танцува дури и со опавчето. Погледнете го видеото.
Кога одите на фризер, очекувате во огледалото да видите само пријатно изненадување, но најмалку што очекувате е да видите дух. Погледнете го видеото со невкусната шега.