Денес сретнав една познаничка којашто не сум ја сретнала многу одамна. Ја прашувам што има ново и го добивам веќе очекуваниот одговор „Тешко е, немам работа, ова што го работам е...
Додека шетам низ Сараево, здивот ми застанува. Од една страна од убавината на градот, убавите и пријатни луѓе, посебно жените, а од друга страна, од промените кои ги гледам од последниот пат кога бев тука, пред единаесет години...
За жал, голем број од македонските семејства, особено постарите, се типична слика на македонското општество: еден работи, тројца одмараат. Не знам колку сте забележале, но овој синдром е длабоко вкоренет во македонското општество...
„Леле, леле, што направивме?!?“, праша Илиевски пред две години, на еден од најзначајните натпревари во македонската кошарка, кога во четврт-финалето ја совладавме Литванија на домашен терен. Тогаш, кога никој не очекуваше...
Прво што ми паѓа на памет како одговор на ова прашање е „А што ти е гајле?“. Но, да бидеме искрени, верувам дека ова прашање ѝ било поставено на секоја од нас, барем еднаш во животот. Воопшто не е тешко кај нас да налеташ...
Пред некој ден одејќи по улица се препнав и паднав. Се испружив колку што сум долга и си ги раскрвавив колената. Чантата и листовите што ги носев во раце ми се расфрлија на сите страни. Станав, ги истресов рацете и облеката и...
Влегуваш во продавница, луѓе се грабаат за производи, си ги оттргнуваат од раце едни на други, вербално се препукуваат, а некогаш може да се случи и невербално... мислиш дека луѓето се спремаат за некаков потоп кој ќе го преживеат само...
Откако станав мајка, постојано добивам осуди и од блиски и од не толку блиски дека не сум поминувала доволно време со децата. Постојано сум била на работа, децата ми ги одгледале дадилки, а реалноста е дека работам до 17.00 часот...
Никому не му посакувам да талка по здравствените установи. Може толку многу да те заматкаат од една врата до друга, од една клиника до друга, и притоа да не го добиеш одговорот којшто го бараш, што и да си здрав, најверојатно ќе се разболиш...
Сигурна сум дека секој од нас барем еднаш во животот си го поставил ова прашање – Should I stay or should I go?. Не познавам некој кој барем еднаш не се запрашал дали вреди да се остане во Македонија...
На еден паркинг во строгиот центар на Скопје, гледам една навидум фина, културна и секако убаво дотерана девојка на околу 20 години како оди некаде. Со едната рака го држеше мобилниот телефон...
Вчера бев во една јавна институција, и чекајќи на шалтерот да се појави вработениот којшто не беше на своето работно место, во очи ми падна налепницата на шалтерот – Оцени ја администрацијата. Учтиво го поздравив вработениот на шалтер...