Влезе во Топ 10: Октај Сејди самоуверено продефилира на пистата на Mister International, облече и македонска народна носија
Октај Сејди деновиве живее во ритамот на бројните настапи, фотосесии и настани во Тајланд, каде ја претставува Македонија на изборот Mister International 2026.
Харизматичниот фризер, кој годинава ја носи титулата Мистер Македонија, веќе имаше можност да се претстави пред светската публика и на модна писта во Пукет, каде самоуверено продефилира и го покажа мускулестото тело, како и шармантната насмевка.
Сејди облече и македонска народна носија за фотосесија.
Секое негово излегување на сцена е проследено со гласно извикување „Македонија“, а Октај со својот уникатен стил и харизма остава впечаток и се обидува да ја претстави нашата земја во најдобро светло.
Неговото учество веќе донесе и историски момент за Македонија. За првпат нашата земја има пласман во Топ 10 на Mister International.
Гласајте за Октај ТУКА
„Искрено бев и сум превозбуден, затоа што не одам само како Октај Сејди, туку како Мистер Македонија и имам должност да ја претставам нашата земја во најдобро светло. Тоа ме радува. Светот ќе слушне за нас и ќе направам максимум што можам.“ - изјави познатиот стилист за Фемина, неколку дена пред заминувањето на изборот.
На 26 септември го очекува големото финале на „Mister International 2026“.