• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Имам должност да ја претставам земјата во најдобро светло“: Згодниот Октај Сејди за Фемина пред заминувањето на Mister International 2026

3 септември 2026, 21:35
  • cподели

На само десетина дена пред заминувањето во Тајланд, Октај Сејди за Фемина ги сподели првите впечатоци и возбудата по повод изборот да ја претставува Македонија на престижниот „Mister International 2026“.

За популарниот македонски стилист, ова не е само ново професионално искуство, туку и голема чест и одговорност да застане под македонското знаме на меѓународна сцена.

„Искрено бев и сум превозбуден, затоа што не одам само како Октај Сејди, туку како Мистер Македонија и имам должност да ја претставам нашата земја во најдобро светло. Тоа ме радува. Светот ќе слушне за нас и ќе направам максимум што можам“- вели тој.

Подготовките за големото финале веќе се во полн ек. Покрај физичката форма, 29-годишниот Октај се подготвува и ментално, а во целиот процес има поддршка од својот тренер. За организацискиот дел и претставувањето на Македонија е задолжена агенцијата од Турција „Даман“, предводена од Шакир Села, кој е единствениот лиценциран за изборот на Мистер Македонија.

Иако досега публиката го препознава пред сè како стилист и фризер, ова ново искуство за него може да биде и можност за чекор понатаму на меѓународната сцена. Тој верува дека македонските таленти имаат многу што да покажат пред светот.

„Секако дека можеме да растеме и ние од Македонија. Толку сме квалитетни и со вредности, мислам дека светот има што да види од нас“ - вели Сејди.

Сепак, и покрај новото искуство во светот на модата и манекенството, една работа за него останува непроменета - љубовта кон професијата со која се занимава со години.

„Никогаш не би го заменил фризерството со ништо друго. Тоа сум јас, тоа ми е пасија. Причината што постојам е тоа. Си ја сакам професијата и клиентите“ - искрен е тој.

За Тајланд заминува на 12 септември, каде што ќе започнат активностите поврзани со изборот, додека големото финале на „Mister International 2026“ е закажано за 26 септември.

Дотогаш остануваат последните подготовки, тренинзи и вежбање на настапот, а нашиот претставник со големи очекувања и гордост ќе се обиде да ја претстави Македонија во најдобро светло пред светската публика.

Му посакуваме среќа и успешен настап на големото финале!

Даница Караташова Илиоска / Femina.mk
 

Tags
Октај Сејди

Најнови

  • „Имам должност да ја претставам земјата во најдобро светло“: Згодниот Октај Сејди за Фемина пред заминувањето на Mister International 2026

    Thu, 09/03/2026 - 21:35
  • Ќерката на Атанас Атанасовски наполни 5 години: „Среќен роденден на нашата Единствена“

    Thu, 09/03/2026 - 15:16
  • Крштевка и прв роденден на ќерката Ариа: Александра Пријовиќ елегантна во креација од Оскар де ла Рента

    Thu, 09/03/2026 - 14:33
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.