• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Викторија Лоба на скијање со сопругот Ѓорги од каде испрати силна порака за нереалните стандарди

5 февруари 2026, 11:40
  • cподели

Викторија Лоба се релаксира на планина.

37-годишната македонска пејачка сподели фотографии од зимувањето со сопругот Ѓорги. Убавата музичарка, која обожава скијање, не пропушти да ги проба совршените ски патеки и со саканиот се насладуваше на вкусни специјалитети.

Лоба сподели моќна порака дека не треба да слепо да се следат нереалните стандарди кои се поставуваат на социјалните мрежи, бидејќи секоја од нас е „своја единствена, неповторлива и неспоредлива“.

Еве ја нејзината порака:

Кога бевме деца, не знаевме што е споредба. Имавме игра, живот и важни работи, а не туѓи животи за анализирање.

Денес? Го земаш телефонот наутро, напладне, навечер… и несвесно се споредуваш со цел свет одеднаш.

Не со комшијата. Не со „совршената“ ќерка на другарката на мама, туку со мини вселени како инфлуенсери, блогери, нови ѕвезди итн. 

И сите нешто трчаат, заработуваат, патуваат, медитираат, учат, готват, успеваат.

А во глава ти никнуваат мисли: „Не сум доволно добра”, “каснам” и др. глупости.

И не, ова не е за завист. Ова се нереалните стандарди и човештвото ставено во маратон без пауза.

Понекогаш дури и кога сакаш да застанеш тоа ти изгледа страшно, како една пауза да ќе те фрли неколку чекори наназад. 

Ама не е така.

Пауза не е слабост. Паузата е рестарт.

Најголемиот напредок доаѓа кога гледаш внатре, кога слушаш што ТИ реално сакаш, а не што алгоритмот сервира.

Во овој свет веќе постои една Хајли Бибер и една Бејонсе.

А ти си своја единствена, неповторлива и неспоредлива. Е ова сакав да ти го кажам.

Секоја зима, Викторија не пропушта да посети некој од популарните скијачки центри. Минатата година, таа беше во Италија и Швајцарија.

Tags
Викторија Лоба

Најнови

  • Роберт Дувал

    „Боб за мене беше сè“: Почина Роберт Дувал, оскаровецот кој на улогите им вдахнуваше бесмртност

    Mon, 02/16/2026 - 19:54
  • LELEK

    Убедлива победа: Моќната песна „Андромеда“ со која Хрватска ќе оди на Евровизија

    Mon, 02/16/2026 - 13:25
  • Патики дизајнирани од Македонецот Сатја Грабулоски

    NBA ѕвезда со патики дизајнирани од Македонецот Сатја Грабулоски за All Star натпреварот

    Mon, 02/16/2026 - 12:45
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.