Тренирај како ангел: Вежбите со кои Алесандра Амбросио влезе во форма на 45 години за ревијата на Victoria's Secret
Алесандра Амбросио е доказ дека годините не се пречка за фантастичен изглед и самодоверба на модната писта.
Бразилската убавица, која чекори во петтата деценија од животот, одушеви на ревијата на Victoria's Secret, која ѝ беше нејзина 20-та ревија за модниот бренд за долна облека. Откако многумина на социјалните мрежи прашаа: „Како ѝ успева?“, нејзината лична тренерка откри како изгледале подготовките за големото враќање на модното шоу.
45-годишната манекенка е мајка на две, а зад нејзиниот изглед стојат многу тренинзи, дисциплина и внимателно избалансирана исхрана.
Тренерката Луди Делфино, која соработува со Алесандра веќе две години, откри дека подготовките биле особено интензивни. Во пресрет на модното шоу, двете вежбале 6 дена во неделата, а понекогаш и 7.
Целта на Амбросио била да ослаби околу 2,3 килограми, но на крајот изгубила околу 3,2 килограми.
Нејзината рутина вклучувала тренинзи со тегови, вежби со отпор, кружни тренинзи, пилатес и јога. За дополнително да го интензивира вежбањето, користеле и суперсерии, кои се комбинација од две различни вежби кои се изведуваат една по друга со минимална пауза.
„Често ѝ ги менував тренинзите, но главниот фокус ни беше на задникот“ – откри Делфино.
Покрај долниот дел од телото, многу внимание посветиле и на нозете, стомачните мускули и грбот. За Алесандра особено биле важни вежбите за грб, бидејќи силните грбни мускули помагаат во одржувањето на правилното држење на телото и впечатливата положба на крилјата на модната писта.
Луди откри и дел од конкретните вежби кои ги правеле во подготовките за ревијата. Тренингот бил насочен кон обликување на долниот дел од телото, зајакнување на стомачните мускули и подобрување на држењето.
Покрај физичката активност, важна улога имала и исхраната. Иако Алесандра и вообичаено се храни здраво, во периодот пред ревијата дополнително го зголемила внесот на протеини и ги намалила јаглехидратите, особено во вечерните часови.
Во последните недели пред шоуто, од исхраната ги исфрлила и шеќерот и алкохолот.
„Таа е прекрасна и веќе изгледаше фантастично, но сакаше да ги намали тие неколку килограми“ – изјавила тренерката.
Делфино смета дека жените можат да бидат во одлична форма и во доцните триесетти и четириесеттите години, но дека за тоа се потребни посветеност, урамнотежена исхрана и редовна физичка активност.
Алесандра за првпат зачекори на модната писта на Victoria's Secret во 2000 година, а во 2004 година стана официјален ангел на брендот. Со 20 настапи, таа е веднаш зад Адријана Лима, која го држи рекордот со 21 појавување на познатата ревија.