• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Совети за здравјето

Тренерот Даниел Трбогазов го има клучот до доволно витамин Д за „челичен“ имунитет

31 март 2022, 10:10
  • cподели

Како вљубеник во природата, можете да го сретнете додека искачува планински врвови, вози велосипед на стрмни патеки, кајакари, весла на даска на Матка или во Трпејца, или пак, истражува скриени водопади и пештери низ Македонија. Како фитнес тренер, ќе го пронајдете во студиото „Мој тренер“ додека ваја фит фигури и напорно тренира. Како одличен мотиватор, ќе го чуете како вели „Нема трикови, само напорна работа“ или „Сè е возможно ако се има волја“.

Даниел Трбогазов е сестран спортист кому активноста му е неопходна како кислород и кој посветено се држи до девизата „Грижете се за вашето тело, тоа е ваш дом“, а со тоа алудира и на придржување до балансирана исхрана полна со витамини и минерали.

Во време кога коронавирусот сè уште не ни дава мира, динамичниот дечко прави сè што е во негова моќ за да се храни здраво со цел да се заштити од респираторна инфекција. Еден од докажаните начини за превенција и полесно справување со КОВИД-19 е внесувањето на доволно витамин Д.

Со многуте авантури под сонцето, Даниел му помага на телото да создаде витамин Д, а дополнително му олеснува на организмот и со редовна консумација на храна богата со „сончевиот витамин“. Негов „go-to“ оброк се Eva сардините, како квалитетен и природен извор на нутритиенти и фантастичен извор на витамин Д.

ВИДЕО

Зошто токму витамин Д? Да ги разгледаме бенефициите:

Витамин Д и коронавирусот

Сè поголем е бројот на релевантни истражувања кои го потврдуваат влијанието на витаминот Д на КОВИД-19. Податоците покажуваат дека лицата кои имаат недостиг на витамин Д развиваат посериозна клиничка слика при инфекција со коронавирусот SARS‑CoV‑2, а исто така кај нив е зголемена веројатноста од смртен исход.

Со години наназад витаминот Д се препорачува и во превенцијата на грип и инфекции на горните респираторни патишта.

Најголеми бенефиции од витаминот Д

  • Го зајакнува имунитетот и ја намалува подложноста на автоимуни заболувања.
  • Ги одржува коските здрави и заштитува од остеопороза.
  • Помага во превенцијата на рак на дојка, јајници, простата и дебело црево.
  • Штити од срцев и мозочен удар.
  • Го намалува ризикот од дијабетес тип 2 и помага во менаџирањето на шеќерна болест.
  • Ги подобрува когнитивните способности и претпазува од деменција.

Како да го внесете неопходниот витамин Д?

Недостатокот на витамин Д е глобален проблем и засега околу 50% од светската популација.

Најдобриот природен начин да се снабдиме со витамин Д е комбинацијата од редовно излегување на сонце и внесување на храна богата со него. Се препорачува да сме изложени на сонце барем по 15 минути дневно, но да го избегнуваме силното летно сонце од 10 до 4 часот попладне, како и да користиме заштитен фактор.

Малку се на број намирниците кои содржат витамин Д, а меѓу нив се истакнуваат масните риби како сардини, туна и лосос. Во помали количини витамин Д има и во јајцата, говедскиот џигер и некои видови печурки.

Факт:
Сардините содржат ДВАПАТИ повеќе витамин Д од јајцата.*
Сардини

Препораките на нутриционистите се да се внесува риба двапати неделно. Eva сардините се совршен избор, затоа што не содржат многу жива и токсини, го вклучуваат моќниот сојуз „витамин Д + калциум“, а изобилуваат и со висококвалитетни протеини и омега-3 масни киселини.

*Споредено во 100 грама (Извор: National Nutrient Database for Standard Reference на USDA)

Tags
Даниел Трбогазов

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.