• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Ти си моќна жена“: Мајка на тројка го покажа збрчканиот стомак и сподели инспиративна порака до сите жени

10 септември 2018, 09:25
  • cподели

Блогерка преку моќна порака ги потсетува сите жени на нивната сила, храброст, издржливост и способноста да испливаат на површината и покрај сите проблеми со кои се соочуваат во животот.

Дезире Фортин, која е мајка на три мали деца, се обидува да ги мотивира жените да ги следат своите соништа и да не се засегнуваат од туѓите коментари и мислења.

A post shared by Desiree Fortin (@thefortintrio) on Aug 21, 2018 at 11:48am PDT

До мајката која работи за да го издржува своето семејство, мајката која не работи за да се грижи за своето детенце, мајката која има стрии и овиснат стомак по бременоста, жена која се бори со неплодност... прочитајте ја охрабрувачката порака на Фортин упатена до сите моќни жени.

До мајката која има износено бебе, ти си моќна жена. Твоето тело можеби се променило, но е прекриено со убавина.

До жената која нема стрии како моите, но посакува да ги има. Каква и да е твојата приказна и каква и да е борбата со која се соочуваш, ти си силна. Ти си храбра. Ти си моќна жена.

До мајката која прерано има изгубено син или ќерка, без разлика дали за време на бременоста или подоцна. Ти си силна. Срцето ми се крши заедно со твоето. Ти се соочуваш со деновите со храбро срце и јас ја гледам твојата сила. Ти си моќна жена.

До жената која е до гуши во постпородилни проблеми. Ова патување е тешко, но ти си толку прекрасна мајка! Ти си моќна жена.

До жената која се соочува со анксиозност и депресија, ден по ден. Ти можеш да се справиш со тоа. Ти си моќна жена.

До младата жена која сонува за големи нешта. Ти си моќна жена и можеш да направиш сè што ќе ти падне на памет.

До мајката која работи. Благодарам што заработуваш за твоето семејство! Ти си моќна жена!

До мајката која не работи, те гледам! Ти си моќна жена.

До повозрасната жена која се враќа во школо за да стекне факултетска диплома. Ти си одличен пример. Ти си моќна жена.

До мојата ќерка, која има нежно срце и го гледа светот само како добро и големо место, ти си моќна жена. И едвај чекам да видам во каква личност ќе израснеш и влијанието кое ќе го имаш на овој свет.

До сите дами, вие сте моќни жени!

Дезире долги години се борела со неплодност, но пред три години го доби најубавиот порадок - стана мајка на три слатки дечиња. Фортин Фортин

Tags
моќно
блогерка
мајка

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.