• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Мајка го покажа збрчканиот стомак и порача: За секоја жена која е несреќна со трагите од бременоста постои друга жена која копнее да ги има

26 февруари 2018, 12:10
  • cподели

Додека едни парови успеваат брзо да зачнат и да се радуваат на нов член на семејството, постојат партнери кои со години се борат со неплодност и даваат сè од себе за да можат да видат две цртички на тестот за бременост.

Блогерката Дезире Фортин, која долго време копнееше да стане мајка, ја покажа насобраната кожа на стомакот по раѓањето на тројка заедно со искрена порака. На фотографијата, таа држи табла на која пишува: „За секоја жена која е несреќна со трагите од бременоста постои друга жена која копнее да ги има“.

A post shared by Desiree Fortin (@thefortintrio) on Feb 15, 2018 at 4:03pm PST

Прочитајте ја пораката со која Фортин цели да ги потсети мајките дека нивното тело е неверојатно и има моќ да создаде нов живот:

Еднаш јас бев таа, жената која чека, посакува и се надева дека ќе стане МАЈКА. Најневеројатното чувство ми беше она кога дознав дека ќе станам мајка. Не беше важно дали ќе се породам природно или со царски рез (сите ние сме рок ѕвезди). И не беше важно дали телото драстично ќе ми се промени. Јас конечно стигнав до моментот да станам мајка, мајка на тројка! И иако никогаш не замислував дека телото ќе ми изгледа вака како што ми изгледа денес, тоа претставува многу повеќе. Има вишок кожа, стрии и брчки. Додека понекогаш ми е тешко да го сакам моето мајчинско тело, постои новата јас која ја претставува моќта на женското тело и чудото да носи три бебиња.

Трагите по бременоста ги нарекувам „Рани на надежта“, тие ме научија да се сакам себеси и да го почитувам моето тело. Нашите траги од бременоста се приказни за надеж, приказни за љубов и понекогаш приказни за загуба. Нашите мајчински тела се убави бидејќи пред сè, тие претставуваат живот, ги претставуваат нашите деца и бескрајната љубов која ја чувствуваме за нив.

До оние жени кои копнеат, се надеваат и се молат за нивното чудо: Посакувам да имате надеж во вашето патување и константен потсетник дека не сте сами. До сите мајки кои се борат да се засакаат себеси: Вие сте убави, силни и бидете охрабрени да се сакате малку повеќе денес.

Фортин Фортин Фортин
Tags
мајка
блогерка

Најнови

  • Парфем

    Кои шминки и парфеми ќе го направат овој 8 Март незаборавен? Пронајдете ги по секогаш поволни цени во dm!

    Thu, 03/05/2026 - 19:12
  • Гордана Сиљановска-Давкова

    Сиљановска-Давкова: „Овој 8 Март, по несфатливата смрт на Ивана и Катја, тешко ми е да го доживеам како Ден на жената“

    Thu, 03/05/2026 - 16:00
  • Рафаел Надал го учи синчето да скија на зимување со саканата: „Линдзи Вон, дали имаш некој совет за нас?“

    Thu, 03/05/2026 - 14:09
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.