• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Ти благодарам што го чуваш“: Амела со благодарност до Св. Василиј Острошки откако Леон прозборе по нејзина посета на Острог

13 мај 2026, 18:30
  • cподели
Леон во Острог

На празникот Свети Василиј Острошки, Амела Мемиш Апостоловска сподели порака полна со благодарност, бидејќи овој светец го поврзува со голем пресврт во животот на нејзиниот син Леон.

Како што вели Амела, Леон, кој има аутизам, за првпат прозборел откако таа го посетила манастирот во кој се наоѓаат моштите на овој светец – манастирот Острог во Црна Гора.

На вчерашниот христијански празник, таа објави:

📌Седум години молитви, солзи и надеж денес се претворени во победа на верата. Кога Бог отвора патишта преку Свети Василиј Острошки, нема сила што може да го запре светлото на едно дете.

🙏🏻Слава Ти Господи, за Твојата бескрајна љубов, милост и сила.

🙏🏻Слава и на тебе Свети Василиј Острошки, голем чудотворче и заштитнику на народот.

✝️Денес, кога се празнува твојот свет ден, пред твоите свети мошти доаѓа народ од сите страни на светот со вера, со солзи, со надеж и молитви. Така ме повика и мене за Леон.

🙏🏻Ти благодарам што го воскресна неговиот дух, што му подари живот исполнет со љубов кон Бога, кон молитвата и кон православната вера. Ти благодарам што секоја моја болка од овие седум тешки години денес ја претвораш во сила, надеж и победа.

✝️Нема сила на оваа земја што може да ја победи Божјата љубов и благодатта што преку тебе ни беше дарувана.

🙏🏻Ти благодарам што го чуваш Леон под твојата света закрила во секој негов чекор, ден, месец и година.

✝️Преку сон ме повика Серафим, а јас ти протрчав со срце полно вера. Со таа вера, со солзи во очите, со стравопочит и љубов ти пристапуваме и денес сведочиме дека сè што со чисто срце ти го предадовме ти го слушна.

🙏🏻Свети Василиј Острошки, голем светителу, отворач на патишта и врати кои само Бог ги знае, бранителу на православната христијанска вера, продолжи да го водиш Леон низ животот со твојата светлина и молитви.

🙏🏻Нека секое дете кое страда добие надеж.
Нека секоја мајка што плаче добие утеха.

И нека секој што верува никогаш не се откаже од Божјата милост.

Леон во Острог

Амела во интервју за Фемина детално ја раскажа приказната за посетата на манастирот Острог и моментот кој засекогаш го променил нивниот живот.

„По долги денови и непроспиени ноќи исполнети со работа и надеж, Леон почна да покажува мали промени, но неговиот говор и понатаму беше сведен на едно единствено зборче по потреба. За некого ова можеби ќе звучи нереално, за друг чудно, но јас не ја „раскажувам“ оваа приказна, туку сведочам за нешто што навистина се случи по враќањето од Острог.

Една ноќ, по долг период на внатрешна борба, конечно заспав со чувство на смиреност. Во сонот ми се појави силуета, нејасна, како сокриена под светлина. Ја прашав „Кој си?“. Одговорот беше јасен, тивок, но моќен „Јас сум Ангел Серафим. Секогаш сум со тебе, но ти не ме гледаш. Оди на Свети Василиј Острошки, таму твојот син ќе биде спасен“. Утрото го паметам како да беше денес. Станав исплашена, со срце што чукаше како никогаш дотогаш. Во 6 часот почнав да пребарувам што е „Серафим“, затоа што тој термин ми беше непознат. Мојот сопруг се исплаши од мојата реакција, беше необично дури и за мене. Му раскажав сè, и тој едноставно рече: „Ајде да одиме“.

Се јавивме во туристичка агенција. Ни рекоа дека има уште само две места и ќе ни ги сочуваат до пладне. Сопругот веднаш ги плати картите и тој викенд, во 2019 година, заминавме за Острог, за прв пат и без децата. Со себе понесов само една маичка на Леон, а бројаница му купив таму. Од преданијата што ги читав, видов дека патот до горниот манастир традиционално се минува боси, по патеката по која врвел и самиот Светец. И така и сторивме. Со паузи, со тишина и со молитва го изодевме патот. Преноќивме во горните конаци. Следното утро, по утринската литургија, по трет пат се одлучивме да влеземе кај моштите на Свети Василиј Острошки за да се прочита молитва за Леон. Беше празник, па повеќето верници ги враќаа и не им читаше молитва, па очекувавме и ние да го слушнеме истото. Но, кога јас му го раскажав сонот, свештеникот веднаш ни објасни што значи – дека серафимите се ангели над архангелите. И без двоумење, ја прифатија молбата за молитва. Ни ги зедоа работите на Леон, ги побараа нашите имиња и неговото. Ни рекоа да се фатиме за рака, а другата рака да ја положиме врз моштите на Светецот. Кога молитвата заврши, во мене се отвори силна, тектонска емоција. Излегов надвор, кон главната порта и не можев да го задржам плачот. Пријдоа две монахињи, ме прегрнаа и ми рекоа „Исплачи се. Леон е спасен“.

Кога се вративме во Скопје, беше доцна и чекав следниот ден да одам кај моите. Први април – датум што ќе го паметам додека сум жива. Ја однесов Андреа на училиште и се вратив кај родителите. Леон беше буден, седеше до мојата мајка. Имаше само четири и пол години, беше на памперс, со ограничена свесност за околината и без оформен говор. Стана одеднаш, се доближи до мене, ме погледна право во очи за прв пат така, длабоко, јасно ја крена раката кон вратата и рече „Мамо, може ли да излезам надвор?“. Ми требаа неколку секунди да дишам. Му одговорив тивко: „Да, може“. Потоа следеше второто чудо, втората поврзана реченица „Епа ајде да ги облечеме патиките“. Од тој ден, секој следен ден беше ново чудо. Нов збор. Нов контакт. Ново разбирање. Нов дел од Леон што се раѓаше пред нас.

Денес Леон е целосно вербален, со високофункционален аутистичен спектар и секоја негова реченица потсетува на моментот кога една молитва, една мајка и една детска душа се сретнаа со чудото.“

Оттогаш и Леон го има посетено познатиот манастир.

Леон во Острог
Леон и Амела

Tags
Амела Мемиш Апостоловска
Леон Мемиш Апостоловски

Најнови

  • Леон во Острог

    „Ти благодарам што го чуваш“: Амела со благодарност до Св. Василиј Острошки откако Леон прозборе по нејзина посета на Острог

    Wed, 05/13/2026 - 18:30
  • Бести

    Бести доаѓа со серијал што руши табуа: dm продолжува со едукација и поддршка на младите девојки

    Wed, 05/13/2026 - 14:37
  • Горица резиденс: Урбан концепт на домување помеѓу зеленило и езерскиот хоризонт

    Wed, 05/13/2026 - 14:31
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.