• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Тешко е и болно“: Се огласи изневерената девојка на Олимпиецот кој на ТВ го призна неверството

11 февруари 2026, 11:03
  • cподели

Кога довербата еднаш ќе се скрши, тешко може да се обнови, а доказ за тоа е љубовната приказна на норвешкиот биатлонец Стурла Холм Легрејд.

Откако 28-годишниот Олимпиец на ТВ пред целиот свет призна дека ја изневери својата девојка, надевајќи се на уште една шанса, сега се огласи и неговата повредена поранешна партнерка.

Во кратка изјава за норвешкиот весник VG, девојката која сакала да остане анонимна, порача дека јавната декларација на љубов не ја брише болката од предавството.

„Дури и по изјава за љубов пред целиот свет, тешко е да се прости. Не избрав да бидам ставена во оваа позиција и боли што морам да поминувам низ ова“ – рече таа.

Девојката додаде дека тие имале контакт и дека Легрејд е свесен за нејзиниот став, но јасно стави до знаење дека работите не се така едноставни како што можеби тој се надевал. Воедно, им се заблагодари на семејството и пријателите за поддршката, како и на луѓето кои мислеле на неа и ја поддржале без воопшто да знаат која е.

Она што требаше да биде момент на спортска слава се претвори во лична драма кога Стурла, по освојувањето на бронзениот медал на ЗОИ, наместо да зборува за успехот, призна дека ја изневерил својата девојка.

Тој јавно ѝ изјави љубов, велејќи дека „имал златен медал во својот живот“, надевајќи се дека ќе успее да ја врати.

Но, наместо филмски пресврт, следуваше трезвена и болна реалност. Засега, љубовната приказна на Олимпиецот нема „среќен крај“.

Tags
Стурла Холм Легрејд

Најнови

  • „Една во милион“: Спотот за новата балада на Брејк напишана од Игор Џамбазов

    Wed, 02/11/2026 - 13:47
  • Д-р Живорад Коцевски, Спец. по пластична реконструктивна и естетска хирургија во Клиника Жан Митрев

    Д-р: Живорад Коцевски: Рано откривање и лекување на карциномите на кожата

    Wed, 02/11/2026 - 13:00
  • 9-годишно чудо од дете од Полска ја реши Рубиковата коцка за неверојатни 2,76 секунди и постави нов светски рекорд

    Wed, 02/11/2026 - 12:13
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.