Тамара Тодевска елегантна во црн аутфит и накит Rebecca со тимот на портокаловиот тепих на Евровизија
Македонскиот тим зачекори на портокаловиот тепих на Евровизија.
Тамара Тодевска не ја симна широката насмевка од лицето додека минуваше покрај фановите. 33-годишната ѕвезда носеше црна креација со долго здолниште од Александар Ношпал искомбинирана со софистициран накит Rebecca.
Заедно со Тамара, на свеченоста присуствуваа и нејзините придружни вокали Антониа Гиговска, Александра Јанева и Васил Гарванлиев, како и Коста Петров, Роберт Билбилов и Арменд Рамадани.