Тајзи со вереницата Ангела, со која го очекува првото дете, во спотот за песната „Mama | Abba “
Набрзо откако сподели дека ќе стане татко, Тајзи ја објави емотивната песна „Mama | Abba“.
Раперот, чие вистинско име е Драган Величковски, го објави спотот во кој главната улога ја има неговата вереница Ангела Анчевска.
Славниот музичар напиша:
Постојат песни што не се создаваат - тие се раѓаат. Доаѓаат како искра, како откровение, и едноставно се излеваат низ твоите прсти за да ја пренесат пораката што треба да биде слушната.
Ова не е само песна и спот. Ова е визија преточена во звук и слика. Патување низ длабочините на духот, емоцијата и вистината.
Подгответе се за будење на сите ваши сетила.
Со благодарност ви го претставувам еден од најголемите проекти во мојот живот.
Видео
Парот, кој се вери на Св. Валентин, пред три дена сподели дека наскоро ќе заплива во родителските води.