„Господ нè благослови со најубавиот подарок“: Тајзи и вереницата Ангела го очекуваат првото дете
Тајзи и Ангела Анчевска ќе станат родители. Познатиот рапер, чие вистинско име е Драган Величковски со фотографии ја сподели радосната вест со фановите.
Двојката сподели фотографии на кои се прегрнува и покажува мали чорапчиња со натписи „Ја сакам мама“ и „Го сакам тато“, како и слика од преглед со ултразвук.
Во кратката порака, тој напиша:
Господ нè благослови со најубавиот подарок. Наскоро ќе станеме родители. 🤍👶
Парот се вери на Св. Валентин. Познатиот музичар клекна на едно колено во Охрид и објави мигови од романтичната вечер.
Ангела е модел и има учествувано на многу македонски ревии, но и избори за убавина во странство.