Кошмарни моменти од животот на покојната Ивана Стојаноска беа прераскажувани во Кривичниот суд на судењето на нејзиниот насилен сопруг Стојанче Јовановски.
Во судницата денеска одекнаа зборовите на мајката на Ивана, Љубица Стојановска, која го опиша пеколот низ кој поминувала нејзината ќерка пред да се самоубие.
Панче Тошковски одржа прес-конференција на која сподели детали за ужасната трагедија во која животот си го одзеде младата Ивана, скокајќи од шести кат од зграда заедно со нејзината 6-годишна ќерка.