• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Тошковски: Има снимка дека сопругот ја удрил Ивана и на денот на трагедијата, многуте пријави за насилство биле повлекувани од жртвата

3 март 2026, 14:56
  • cподели
Панче Тошковски

Панче Тошковски одржа прес-конференција на која сподели детали за ужасната трагедија во која животот си го одзеде младата Ивана, скокајќи од шести кат од зграда заедно со нејзината 6-годишна ќерка.

Откако беше обелоденето дека Ивана долго време била жртва на семејно насилство, министерот за внатрешни работи објави дека Ивана била физички нападната од сопругот и на денот на смртта.

„Министерството за внатрешни работи има обезбедено видеозапис каде што јасно и недвосмислено се гледа како сторителот, сопругот, ја удира жртвата. Не можам да кажам кога е точно, тоа е сигурно истиот ден“ – изјави тој.

За денот на трагедијата, Тошковски рече:

„Според досегашните утврдени факти, настаните на 02.03.2026 година имале претходница којашто е предмет на детална истрага. Имено, истиот ден во 12:05 часот во полиција е примена пријава поврзана со расправија помеѓу сопружниците. 

По приемот на пријавата, полициски службеници биле упатени на лице место и во 12:19 часот пристигнале на наведената локација. На лице место бил извршен разговор со Ивана, при што таа изјавила дека нема физички контакт помеѓу неа и нејзиниот сопруг, дека се работело за недоразбирање кое го решиле по мирен пат и дека не бара полициска интервенција, ниту поведување на било каква постапка. Дополнително, таа навела дека брачните односи ги решава преку бракоразводна постапка и дека истите ќе ги регулира по институционален пат.“

Ивана ја потпишала изјавата, а потоа се упатила кон станот. Неполни два часа подоцна, случаен минувач пријавил дека жена и девојче скокнале од балкон, а брзата помош констатирала смрт.
Тошковски објави и дека сопругот на Ивана, Стојанче Јовановски, е во полициска станица. Во изминатите години, против него биле поднесени 10 кривични пријави за дела од областа на насилен криминал, имотни деликти и недозволена трговија со дрога.

„По усна наредба од Јавниот обвинител, лицето Стојанче Јовановски е лишено од слобода поради сомневање за сторено кривично дело. Тој се наоѓа во полициска станица, со него се работи, се врши целосно документирање на случајот и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка“ – рече тој.

На новинарските прашања зошто полицијата не презела ништо посериозно на многуте пријави за семејно насилство, Тошковски одговори:

„Во текот на 2025 и 2026 година, евидентирани се повеќе пријави за нарушени меѓучовечки односи и физички напади помеѓу сопружниците. По секоја пријава, полицијата постапувала, се преземале мерки согласно закон, кои се целосно документирани, но во сите наврати, пријавите биле повлекувани од страна на оштетената, односно истата се откажувала од водење на понатамошни постапки“.

Тој потенцираше дека најголем број од предметите за семејно насилство се затвораат затоа што жртвата се повлекува и рече дека се истражуваат околностите во кои Ивана се откажала од понатамошна постапка.

Најнови

  • Панче Тошковски

    Тошковски: Има снимка дека сопругот ја удрил Ивана и на денот на трагедијата, многуте пријави за насилство биле повлекувани од жртвата

    Tue, 03/03/2026 - 14:56
  • „Насилството не е приватна работа. Тоа е рана на целото општество. Мора да се каже ДОСТА!": Дац против семејното насилство

    Tue, 03/03/2026 - 13:55
  • „Ги видов покриени... Зборувала, пријавувала, викала, никој не ја слушнал“: Мајка со гласен апел по трагедијата во Карпош

    Tue, 03/03/2026 - 12:19
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.