Најновото истражување на научниците од Универзитетите Браун и Јужна Калифорнија покажало дека откажувањето од пушењето ги прави луѓето посреќни и дека тој позитивен ефект трае сè додека тие успеваат да останат понастрана од цигарите.
Истражување на Светската здравствена организација за првпат објави податоци за ефектот од пасивното пушење во глобални рамки. Шокантните податоци велат дека годишно умираат повеќе од 600.000 луѓе како резултат на пасивното пушење, а од нив 165.000 се деца. Прочитајте повеќе.
Европско истражување откри дека кај пушачите кои имаат во себе поголемо количество на витамин Б6 и на амино-киселината метионин, ризикот за појава на рак на белите дробови е 60% помал.
Научете како да се подготвите за откажување на цигарите, како да го намалите бројот на испушени цигари, како да ги откажете целосно и што да направите ако добиете силна желба да запалите цигара.
Пушачите, кои првата цигара ја палат кратко време по будењето, имаат повисоко ниво на никотин во организмот и поради тоа се поизложени на опасноста од рак на белите дробови.