• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Истражувања

Утринската цигара веднаш после будење е најопасна

5 декември 2009, 06:15
  • cподели
Жена што пуши цигара

Пушачите, кои првата цигара ја палат кратко време по будењето, имаат повисоко ниво на никотин во организмот, во споредба со оние кои чекаат да ја запалат утринската цигара после појадокот. Поради тоа, нестрпливите пушачи се поизложени на опасноста од рак на белите дробови.

Ова го покажале резултатите од ново истражување, спроведено во колеџот по медицина Пен Стејт, а во кое учествувале 252 здрави пушачи. Истражувачите го мереле нивото на котинин (нуспроизвод од никотинот), кој покажува колкав е ризикот од развивање на рак на белите дробови.

Највисоко ниво на котинин било измерено кај пушачите кои утринската цигара ја палеле во периодот до 30 минути по будењето.

Пушачите кои чекаат барем половина час пред да го вдишат првиот дим, имаат пониски нивоа на котинин и со тоа барем малку го намалуваат ризикот од појава на рак на белите дробови.

Истражувачите се надеваат дека податоците од ова истражување ќе помогнат во развивањето на поефективни програми за откажување од цигарите.

Tags
пушење
истражувања

Најнови

  • Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ во Битола

    Модна и музичка грациозност: Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ создадоа магија во Битола

    Tue, 03/10/2026 - 17:55
  • Македонски Телеком

    Македонски Телеком воведува нов комуникациски концепт за сите корисници, без бариери и со неограничен интернет

    Tue, 03/10/2026 - 17:22
  • За само 129 денари до помалку прашина? Denkmit спрејот стана вистински хит

    Tue, 03/10/2026 - 16:21
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.