• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Бременост

Пушењето во текот на бременоста

20 ноември 2009, 08:05
  • cподели

Пушењето во бременоста може да го уништи здравјето како на бебето, така и на мајката. Бременоста треба да ви биде силна мотивација за да ги откажете цигарите, затоа што со секоја запалена или незапалена цигара правите избор во име на вашето неродено бебе кое е целосно зависно од вас.

Пушење
Бебињата, чии мајки пушеле во текот на бременоста, се изложени на двојно поголем ризик од ненадејна смрт на доенче.

Пушењето и зачнувањето

Пушењето се сврзува со ниска плодност не само кај жените, а и кај мажите. Штетата од цигарите е толку голема, што ако вашата мајка пушела и вие имате помали шанси да зачнете.

  • Кај жените никотинот го намалува производството на хормоните потребни во текот на бременоста. Исто така го забавува или спречува транспортирањето на јајце-клетката низ јајцеводот до матката.
  • Во спермата на маж пушач има 15% помалку сперматозоиди, отколку во спермата на маж непушач. Пушењето го намалува и количеството спрема и способноста на сперматозоидите да се движат. Кај мажите пушењето влијае и врз крвните садови кои го снабдуваат пенисот, па може да предизвика и проблеми со ерекцијата.

Затоа, ако планирате да останете бремена, време е да ги откажете цигарите и вие и вашиот партнер. Така ќе ги зголемите шансите да станете родители и тоа што поскоро.

Пушењето и бременоста

Пасивно пушење
Пасивното пушење може да му наштети на вашето бебенце.

Бебето во матката добива сè што му е потребно (храна и кислород) од својата мајка. Пушењето не само што го изложува фетусот на токсини од цигарите, туку и ја уништува плацентата.

Кога едно лице пуши, дел од кислородот во неговата крв се заменува со јаглерод моноксид. Ако пуши бремена жена, нејзината крв и крвта на нејзиното неродено бебе содржат помалку кислород од нормалното. Резултатот е забрзан срцев ритам кај бебето и тоа се бори да добие доволно кислород.

Во чадот од цигарите се содржат токсични супстанции, кои што го спречуваат нормалното функционирање на крвта. Тоа се одразува на плацентата.

Како пушењето влијае на вашето бебе?

Бебињата чии мајки пушеле во текот на бременоста:

  • Почесто се раѓаат предвреме.
  • Имаат пониска телесна тежина за околу 200g од бебињата чии мајки не пушат. Овој ефект на цигарите се зголемува пропорционално т.е. колку повеќе пуши мајката, толку помала ќе биде тежината на бебето.
  • Имаат помали органи од бебињата кои се родени од непушачи.
  • Страдаат од полошо функционирање на белите дробови.
  • Изложени се на двојно поголем ризик од ненадејна смрт на доенче.
  • Се разболуваат почесто. Бебињата чии мајки пушат по 15 и повеќе цигари дневно, во текот на бременоста, посетуваат болница двојно повеќе во текот на првите месеци од нивниот живот.
  • Најверојатно и тие ќе станат пушачи во текот на нивниот живот.

Бремените жени кои што пушат ризикуваат да пометнат, нивното бебе да умре во матката или да развијат други состојби (плацента превиа), со кои ќе му наштетат на бебето.

!

Запомнете: И пасивното пушење влијае лошо врз вас и врз вашето неродено бебе. Никогаш не е предоцна да престанете да пушите. Бременоста треба да ве поттикне да го направите тоа, за да не страда и вашето бебе.

Tags
бременост
пушење
пушењето во бременоста

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.